LG AKA е најзабавниот детски смартфон од Азија

Објавено на 11.11.2014 во Новости



LG AKA е најзабавниот детски смартфон од Азија

LG AKA е најзабавната серија на смартфони која доаѓа од Азија и е инспирана од аниме културата, нас најмногу не асоцира на Покемон. АКА смартфоните доаѓаат со своја заштитна маска, а на врвот на екранот се поставени лицата на анимираните ликови  Eggy со жолта боја, Wookie со бела, Soul е син палавко, а YoYo розева дама која се труди да остане на диета.
 
 
LG AKA се наменети за помладата генерација која со овие телефони многу ќе се забавува и се добри конкуренти на вообичаените смартфони. LG AKA располага со 5 инчен IPS HD дисплеј, четири-јадрен процесор од 1.2 GHz, 1.5 GB RAM, 16 GB меморија, 8 мегапикселна камера, како и батерија со капацитет од 2610 mAh.
 
 
Смартфоните LG AKA работат на Android 4.4 KitKat, цената се уште не е откриена, но претпоставуваме дека нема да се најдат на интернационалниот пазар иако претпоставуваме дека многу деца од Европа би сакале да „си играат“ со Eggy, Wookie, Soul и YoYo.

Автор: Aleksandar Stankov