Пробајте да најдете работа со vraboti.se

Објавено на 12.11.2014 во Македонски апликации



Пробајте да најдете работа со vraboti.se

vraboti.se е нова македонска апликација за приказ на огласи за вработување кои се превземаат од повеќе извори, како што се агенциите за посредување при вработување, Агенција за вработување на Република Македонија и јавните гласила, а најавено е дека секој работодавач може да објави свој оглас.

Vraboti.se - screenshot

Апликацијата vraboti.se има едноставен интерфејс со единствено централно место на кое се прикажани сите огласи, но нема нивна организација, распоред или категории, па за да ги прегледате сите огласи треба да листате низ екранот.

Vraboti.se - screenshot

Вториот недостиг на vraboti.se е што голем дел од огласите се превземени од различни портали кои не ги исполнуваат очекувањата за поедноставување при процесот на работа и голем дел од огласите ги немаат сите неопходни информации за работното место, работодавачот, контакт информации и слични детали. Тоа секако не е вина на vraboti.se, но потребна е алатка со која ако ништо друго ќе се филтрираат ваквите огласи.

Vraboti.se - screenshot

vraboti.se нуди и можност за пребарување со внесување на клучен збор по што ќе се појават активните огласи од сродната област или професија. Најголем бенефит кој ќе ви го поедностави процесот на аплицирање е што може директно да телефонирате доколку во огласот е наведен телефонски број или пак да испратите биографија на наведената e-mail адреса.

Vraboti.se - screenshot

Апликацијата raboti.se може да биде еден алатка плус во селектирање на огласите на кои сакате да аплицирате но, потребни се повеќе елементи кои може да се доработат во иднина. vraboti.se е бесплатна за инсталирање и користење и ќе ја најдете во Play Store за сите уреди кои работат на Android 4.0 или понова верзија.

Автор: Aleksandar Stankov