Microsoft продолжува со фаблетот Lumia 1330

Објавено на 12.11.2014 во Новости



Microsoft продолжува со фаблетот Lumia 1330

Вчерашната промоција на Microsoft Lumia 535 не ги воодушеви премногу корисниците бидејќи беше откриен нов смартфон од средната класа со скрoмни компоненти, па затоа информациите за новиот фаблет Lumia 1330 се многу поинтересни.
 
 
Фаблетот Lumia 1330 е прикажан на повеќе сајтови со протечени и неофицијални слики и се претпоставува дека ќе има 6 инчен HD дисплеј, ќе работи на четири-јадрен Qualcomm процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, слот за microSD картичка и 8 мегапикселна камера. 
 
 
Lumia 1330 слично како Nokia Lumia 1320 ќе чини околу 400 евра и ќе биде подновен со оперативниот систем Windows Phone 8.1, а датумот на промоција иако не е објавен претпоставуваме дека ќе се случи во почетокот на декември.