Google апликацијата преобрзена со Material дизајн

Објавено на 13.11.2014 во Android



Google апликацијата преобрзена со Material дизајн

Google ја поднови и основната апликација за пребарување со новиот Material дизајн кој е главен белег на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop и новата верзија започна да пристигнува кај сите уреди. Промените се впечатливи и носат поголема функционалност кога пребарувате термини и акции од самите апликации кои ги имате инсталирано.
 
 
Пребарувањето со Google Search исто така е збогатено со приказ на поголем број на информации и контекстуални сугестии за одредена локација, објект или комерцијален производ. 
 
 
Кај одредени смартфони ќе биде овозможена и опцијата за постојана активност на Google Now со гласовни команди започнати со фразата OK Google, со што се поедноставува навигацијата. 
 
search-X-on-Y-device.gif
 
Обезбедена е и нова картичка во персоналниот асистент која може да ја користите за поставување на потсетници за важни обврски, како и за настани и потенцирани термини во Gmail, бидејќи сите сервиси може да се синхронизираат.