YouTube Music Key почна да наплаќа

Објавено на 13.11.2014 во Новости



YouTube Music Key почна да наплаќа

Google по долго одложување го воведе премиум принципот на користење на најпопуларниот видео сервис во светот со новата апликација YouTube Music Key која може да ја користите за 7.99 долари месечно додека трае промотивниот период, а потоа ќе се наплаќа 9.99 долари.
 
 
Новитетот YouTube Music Key е пред се наменет за корисниците на смартфон бидејќи овозможува за месечна претплата да гледате видеа без реклами, да ги слушате песните и без интернет конекција доколку ви се сочувани за подоцна, како и можност за непречено слушање на музика во позадина кога ќе излезете од апликацијата на YouTube.
 
 
Една од предностите на YouTube Music Key е што со истата претплата добивате пристап и до музичките содржини во Google Play Music и обратно. Во апликацијата ќе бидат вклучени и понуда на музички албуи, плеј листи предложени според вашиот музички вкус, како и плеј листа составена со песните кои сте ги преслушале. 

YouTube Music Key се уште е во бета фаза и не e нашироко достапен за корисниците, па неговиот пласман ќе се одвива постепено. Доколку не сакате да плаќате за премиум сервисот и понатаму може бесплатно да гледате видеа или пак да инсталирате надворешна YouTube апликација која нуди слични опции за музика во позадина и сочувување на песни, или пак едноставно наполнете го смартфонот со mp3 преку USB.