Откриена првата грешка во Android 5.0 Lollipop

Објавено на 14.11.2014 во Новости



Откриена првата грешка во Android 5.0 Lollipop

Google започна со доставата на најновата верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop до своите Nexus смартфони и таблети, а му се приклучи и Motorola која ќе ја надгради Moto серијата. Дел од корисниците веќе го добија новиот софтвер и сосема разбирливо е да се најде и првата грешка која според извештаите е проблематична за Wi-Fi конекцијата.
 
 
Најголем дел од поплаките пристигнуваат од корисниците на Nexus 5 смартфонот кој да потсетиме и со претходните надградби покажуваше недостатоци. Грешката во системот се уште не е детектирана, но веднаш излегоа информации дека се подготвува исправка која ќе пристигне со верзијата 5.1 Lollipop и на тој начин ќе се надминат сите помали проблеми.