Вработените ќе дремат на посебна Facebook at Work мрежа

Објавено на 17.11.2014 во Новости



Вработените ќе дремат на посебна Facebook at Work мрежа

Facebook промовира нова посебна бизнис социјална мрежа која многу потсетува на Linkedin, но со повеќе „друштвени“ елементи, како на пример допишување меѓу колегите. Facebook at Work ќе биде сервис за вработените каде ќе може деловната комуникација да се одвои од приватната.
 
 
На овој начин компаниите ќе може да остварат внатрешна и надворешна комуникација со пренос на документи, креирање на работни групи, деловни настани и потсетување на роковите. 
 
 
Првите коментари на бизнис заедницата не се премногу воодушевувачки бидејќи сметаат дека полесно би протекувале доверливи информации, а Facebook at Work нема да допринесе за поголема продуктивност на вработените бидејќи веќе на располагање имаат голем број на професионални комуникациски и информатички решенија.