iOs 8.1.1 пристигна - Важни подобрувања за iPhone и iPad

Објавено на 18.11.2014 во iOs



iOs 8.1.1 пристигна - Важни подобрувања за iPhone и iPad

Apple ја реализираше најновата надградба на оперативниот систем iOs 8.1.1 која според првичниот опис ќе донесе повеќе подобрувања во перформансите на постарите модели како iPhone 4s и iPad 2. Постарите уреди секогаш потешко функционираат со нов софтвер од старт додека не се „испеглаат“ сите недостатоци.
 
 
Токму првичните проблеми доведоа до сомнеж кај корисниците кои ја одложија надградбата и iOs 8 беше присутен кај рекордно мал број на уреди. Тие дилеми треба да се надминат со надградбата iOs 8.1.1 која решава повеќе „бубачки“ во системот, носи поголема стабилност при извршување на апликациите и подобри перформанси во сите категории.
 
 
Надградбата веќе е дисеминирана до голем број на корисници и ќе се реализира преку системот over the air во менито “Settings > General > Software Update”  што значи не треба да се поврзете со iTunes преку PC, но доколку не ви се чека може да го искористите и овој метод. 
 
Автор: Aleksandar Stankov