Вратете си ги пораките на Facebook веднаш

Објавено на 18.11.2014 во Туториали



Вратете си ги пораките на Facebook веднаш

Facebook одлучи да ја отстрани можноста за допишување на основната апликација за смартфон и целосно да ја префрли на посебната Facebook Messenger што и не е така страшно, но доколку сакате да си го вратите првичниот чат тоа може да го сторите со алатката Facebook chat re-enabler.
 
 
Првиот чекор е да ја избришете Facebook Messenger од вашиот смартфон, а потоа да ја лоадирате Facebook chat re-enabler која е изработена од Chieti член на Android форумот за ентузијасти XDA. Аpk фајлот на Facebook chat re-enabler потоа го инсталирате како надворешна апликација за Android и повторно ќе ги добиете пораките на основната апликација.
 
 
Доколку не ви се ризикува со инсталирање на Facebook chat re-enabler како надворешна апликација во прелистувачот Chrome или било кој друг може да ја користите мобилната интернет верзија на Facebook со која ќе може да испраќате пораки и да се допишувате. Предноста на враќање на chatot во основната апликација на Facebook е што смартфонот подобро ќе ја користи RAM меморијата но, овие подобрувања се минимални.