YotaPhone 2 доаѓа од Русија во декември

Објавено на 18.11.2014 во Новости



YotaPhone 2 доаѓа од Русија во декември

YotaDevices го објави официјалниот датум за пласман на новиот YotaPhone 2 кој е уникатен смартфон со два дисплеи на предната и задната површина и досега се проценува како вистинска руска гордост. Идејата за два дисплеи беше промовирана уште пред две години, но со YotaPhone 2 вистински се постигнува ефикасност на дизајнот, моќни компоненти и одлична функционалност.
 
 
YotaPhone 2 е составен од 5 инчен AMOLED дисплеј со Full HD резолуција на предната страна, додека пак одзади е поставен е-Ink дисплеј кој нема бои и значително ја штеди енергијата. Целта на е-Ink дисплејот е да ги погледнете известувањата, одредени информации и детали од апликациите, преглед на слики, читање на текст и други основни задачи.
 
 
Втората идеја за е-Ink дисплејот е што ќе служи како резерва бидејќи смартфоните се најосетливи токму на екранот кој при пад може да распука. YotaPhone 2 ќе чини околу 400 долари и неодамна Владимир Путин направи голема промоција при официјалната посета на Кина, каде исто така ќе биде продаван.