Snapchat овозможи испраќање на пари

Објавено на 19.11.2014 во Новости



Snapchat овозможи испраќање на пари

Snapchat промовираше нов сервис за испраќање на пари до вашите пријатели наречен Snapcash кој е изработен во соработка со Square компанија за трансфери на пари по електронски пат.
 
 
Се што треба да направите е да ги внесете податоците од вашата дебитна картичка и со внесување на знакот $ пред посакуваната сума ќе може да испраќате пари до вашите контакти. Snapchat и Square ветуваат дека податоците безбедно ќе бидат складирани, а Snapcash за почеток е достапен само во САД за лица со над 18 години.