5 совети за подобра батерија на Samsung Galaxy смартфоните

Објавено на 19.11.2014 во Туториали



5 совети за подобра батерија на Samsung Galaxy смартфоните

Samsung Galaxy серијата е една од најквалитетните на пазарот и ги задоволува потребите на сите корисници и во премиум сегментот и во основната класа. Тоа што може да се издвои како недостаток е долготрајноста на батеријата и ограничениот капацитет, но со примена на следните совети значително ќе заштедите на енергија.
 
 
Голем број на Samsung Galaxy смартфони доаѓаат со Super AMOLED дисплеи кои имаат прилично прецизни и силно изразени бои, па затоа се препорачува да поставите црна позадина која ќе троши помалку енергија. Кога сме веќе кај работата на дисплејот во зависност од моделот може да поставите автоматско прилагодување на осветленоста со амбиенталниот сензор, но доколку нема таков сензор тогаш рачно намалете ја светлината на екранот од менито за брза активација.
 
 
TouchWiz интерфејсот на Samsung не е меѓу најефикасните најмногу поради примената на голем број на анимации, дополнителни менија и прилагодувања. За да заштедите на батерија намалете ги анимациите и ефектите во менито за деволепери каде ќе најдете опции за прилагодување на заклучениот екран, менувањето на панели од почетното мени, ефект за отклучување на смартфонот и уште многу други кои може да ги деактивирате.
 
 
Автоматската синхронизација на вашиот Google профил со различните сервиси за комуникација, складирање и пренос на податоци, mail апликации и други може значително да ја исцедат батеријата бидејќи работат во позадина, па затоа во менито Settings > Accounts > Google исклучете ги тие што не ви се потребни.
 
 
Мобилните и интернет конекциите не се на врвот на листата на опции кои најмногу ја трошат батеријата, но доколку во моментот немате потреба од нив треба да останат исклучени. Тука препорачуваме Bluetooth, NFC и GPS постојано да стојат исклучени и да се активираат по потреба, а истото би го рекле и за Wi-Fi конекцијата која ако не сте поврзани постојано ќе бара најблиску достапна мрежа.
 
 
Последниот совет за корисниците на Samsung Galaxy смартфоните е исклучување на апликациите кои не ги користите но, не може да ги инсталирате. Тука се мисли на големиот број на Google апликации како Play Movies, Google +, News and Weather и многу други инсталирани од Samsung кои не ви требаат и не се од голема корист, па во менито за апликации може да ја одберете опцијата turn off или disable.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
 
Автор: Aleksandar Stankov