Влезете во Loop на Македонски Телеком
Објавено на 20.11.2014 во Македонски апликации
Loop е одлична апликација на Македонски Телеком која служи како виртуелен хардиск или подобро кажано „облак“ за складирање на мултимедијални содржини кои може да ги користите од различни електронски уреди.
На cloud сервисот Loop на Македонски Телеком може да закачувате слики и видеа, кои може да ги поставувате во категории, албуми и колекции за да имате поголем и подобар преглед, како и да не се грижите дали ќе ви се избришат.
Корисниците на Loop може да ја инсталираат бесплатна мобилната апликација за Android директно од Play Store, додека пак за iOs може да ја најдете во App Store.
Loop исто така може да се инсталира и на Max TV уредите со регистрација на кодот и потоа ќе може на телевизорот да ги користите сите складирани содржини од вашите мобилни телефони.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.