iOs 8.1.1 колку е добар толку е и лош

Објавено на 21.11.2014 во Новости



iOs 8.1.1 колку е добар толку е и лош

Главната цел на новата верзија на оперативниот систем iOs 8.1.1 беше да се надминат првичните проблеми во софтверот поврзани со губење на Wi-Fi и Bluetooth конекција, но наместо да ги отстрани „бубачките“ носи нови проблеми за корисниците кои веќе ја направиле надградбата.
 
iOs 8.1.1 пристигна - Важни подобрувања за iPhone и iPad
 
Корисниците сега се жалат дека при играње таблетот iPad mini премногу бргу се загрева, мобилниот прелистувач Safari има проблеми со управување на страните, како и други помали проблеми со перформансите. 
 
 
Надградбите на системот никогаш не се 100% сигурни и затоа iOS 8 е присутен кај рекодно мал број на корисници на Apple, a само за споредба iOs 7 многу брзо ја стигна бројката од 80% застапеност. Доколку продолжат жалбите од корисниците Apple ќе нема друг избор освен, да лансира нова надградба на iOs 8 која се надеваме дека ќе биде далеку постабилна.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: