Русија ќе има 5G за Светското во 2018

Објавено на 21.11.2014 во Новости



Русија ќе има 5G за Светското во 2018

Русија со помош на Huawei и националниот оператор MegaFon ќе ја изработи една првите функционални 5G мобилни мрежи која планирано е да биде пуштена во употреба за време на Светското првенство во фудбал во 2018 година. 
 
 
Почетните тестови на 5G мрежата достигнале брзина од неверојатни 500Mbps што е за 10 пати побрзо од сегашниот капацитет на 4G. Русија на еден масовен спортски спектакл како Мундијалот повторно ќе сака да се прикаже во најдобро светло, па 5G мрежата ќе биде добредојдена за сите новинари, навивачи, туристи и спортисти, за полесно следење на натпреварите и брз пренос на податоци.