Yahoo успеа да го собори Google

Објавено на 21.11.2014 во Новости



Yahoo успеа да го собори Google

Yahoo доби значајна битка против Google со тоа што го симна како главен избор за пребарување на интернет прелистувачот Mozilla Firefox. Mариса Мејер извршната директорка на Yahoo изјави дека на овој начин ќе се подобри конкуренцијата во категоријата на интернет пребарувачи, а за компанијата секако е значаен успех.
 
 
Yahoo ветува дека корисниците на Mozilla Firefox ќе добијат сосема нов пребарувач со повеќе графички елементи, поголем број на опции, приказ на дополнителни информации и квалитетни резултати. 
 
Договорот е потпишан за рок од 5 години, а ќе важи за корисниците во САД. Mozilla за интернационалната верзија на Firefox се уште има договор со Google, но најверојатно нема да го продолжи и за различни земји ќе продолжи со воведување на локални пребарувачи, како што направи со Baidu во Кина и Yandex во Русија.