telefoni.mk во трка за сајт на годината

Објавено на 26.11.2014 во Новости



telefoni.mk во трка за сајт на годината

telefoni.mk најчитаниот портал за мобилна технологија во Македонија доби три номинации од претстојното доделување на наградите „Сајт на годината“ за 2014 година. telefoni.mk ќе се натпреварува во категориите најдобар дизајн, најдобар мобилен сајт и најдобар сајт за IT и електроника.
 
Telefoni.mk - screenshot
 
Долгогодишната посветена работа на квалитетно пренесување на најновите информации од светот на мобилната индустрија, но и воопшто сите технолошки новитети станува препознаена и добро оценета од редовната публика. Токму затоа се надеваме дека ќе го дадете вашиот глас за telefoni.mk при рангирањето на најдобрите информативни сајтови во Македонија.
 
 
telefoni.mk во оваа година ја лансираше новата верзија на мобилната страница која е многу ефикасна, прегледна и едноставна за читање на сите новости, рецензии и анализи и успешноста се поврдува со се поголемата посетеност токму од смартфони и таблети.
 
Тимот на telefoni.mk постојано е посветен на своите читатели со оригинални содржини, навремени информации и извештаи за сите нови мобилни телефони, таблети, оперативни системи и апликации. Токму вашата подршка ни е мотив да продожиме со истото темпо, па затоа неодамна ја лансиравме и мобилната апликација telefoni.mk.
Автор: Aleksandar Stankov