Yahoo, Microsoft и Apple ќе го рушат Google

Објавено на 26.11.2014 во Новости



Yahoo, Microsoft и Apple ќе го рушат Google

Google стана премногу присутен во секоја област на технологијата, комуникациите и електрониката што ги загрижува традиционалните лидери Yahoo, Microsoft и Apple. Токму овие компании подготвуваат удар врз Google, поточно отстранување на пребарувачот од уредите на Apple во 2015 година и негова замена со Yahoo Search подржан од Microsoft.
 
 
Google Search веќе беше заменет како стандарден пребарувач кај Mozila Firefox, но тоа е не е ништо во споредба со огромната база на корисници на Apple кои големо време трошат на интернет на iPhone и iPad. За да се реализира овој заговор Apple треба цврсто да биде убеден дека недостигот на Google нема да ги налути корисниците, бидејќи парите воопшто не им се проблем.
 




Прочитајте повеќе: