Естонија дели е-државјанства – Создавање на дигитална нација

Објавено на 26.11.2014 во Новости



Естонија дели е-државјанства – Создавање на дигитална нација

Естонија е првата држава во светот која нуди електронско или интернет државјанство кое служи како дигитален потпис, со што може сигурно да се вклучите во електронските комуникации и трансакции. Идејата на Естонската влада е да привлече инвеститори кои преку дигиталниот потпис полесно ќе склучуваат договори за соработка, побрзо ќе пронаоѓаат партнери во Европската Унија и поедноставно ќе се пренeсуваат деловните податоци.

За поединците електронското државјанство значи еден вид на виза за IT индустријата во Естонија која е меѓу најразвиените во Европа, па затоа може полесно да ја промовирате вашата идеја за технолошки стартап проект. Третата категорија која би имала бенефит од електронското државјанство се иселениците и сите личности кои чуствуваат накаква поврзаност со Естонија.

Цената на електронското државјанство изнесува околу 50 евра и нема речиси никакви ограничувања кој се може да аплицира, а малата држава со популација од само 1.3 милиони жители очекува околу 10 милиони „виртуелни“ државјани.