Oppo го има вистинскиот конкурент на iPhone 6

Објавено на 29.11.2014 во Новости



Oppo го има вистинскиот конкурент на iPhone 6

Моментално на пазарот има неколку квалитетни конкуренти на iPhone 6, но тука не мислиме на евтините клонови, туку на премиум модели како на пример Samsung Galaxy Alpha. Во ова друштво ќе влезе и новиот смартфон на Oppo кој ќе биде екстра тенок со 6.8 милиметри и одлично скроено тело од алуминиум.
 
 
Oppo R8207 ќе има 5 инчен HD дисплеј, осум-јадрен процесор од 1.5 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера со LED блиц и 5 мегапикселна предна камера. Ова се само дел од првичните детали за Oppo R8207, а во наредниот период ќе биде познат датумот на промоција и неговата цена.
Автор: Aleksandar Stankov