Што крие Е серијата на Samsung

Објавено на 01.12.2014 во Новости



Што крие Е серијата на Samsung

На интернет сајтовите за тестирање се појавија два сосема нови модели на Samsung со кодовите Samsung SM-E500F и Samsung SM-E700F кои според досегашната шема на именување соодвествуваат на Samsung Galaxy E5 и Samsung Galaxy E7.
 
 
За овие два смартфона досега нема никакви официјални детали за листата на спецификации, но може да се согледа дека станува збор за поевтина верзија на веќе откриените Samsung Galaxy А5 и Samsung Galaxy А7 кои се наменети повеќе за високата класа. 
 
 
Тоа што може да го очекуваме е подобар дизајн во средната и ниската класа на Samsung, примена на нови 64 битни процесори од новата евтина понуда на Qualcomm или Mediatek, како и пониска цена со која би биле конкурентни на кинеските смартфони.