Google ги одбра најдобрите апликации за 2014

Објавено на 01.12.2014 во Новости



Google ги одбра најдобрите апликации за 2014

Google го презентираше својот избор на најдобри апликации за 2014 година кој е направен врз база на нивната популарност, бројот на превземање и оценките и рецензиите во Play Store. Интересно е што 2014 може да се каже дека е година на Google во која претстави еден куп нови апликации за Android, како Messenger, Inbox, а повеќето како Chrome, Maps, Keep, Gmail добија значителна надградба со Material дизајнот од Android 5.0 Lollipop, но само Google Fit се најде во топ листата.
 
Google Best Apps of 2014
 
Затоа пак понудата на Android е одлична бидејќи може да најдете огромен број на апликации во сите категории. Најуспешни во изминатата година се SwiftKeyboard како една од најдобрите виртуелни тастатури, Shazam за откривање на насловот и изведувачот на песните, Yahoo News Digest за добивање на информации и вести, Sunrise календарот, Tunelin за слушање онлајн радио станици и Link Buble интернет прелистувачот.
 
 
Вообичаено секоја година се појавуваат нови апликации за уредување на слики и примена на додатоци па тука најдобро се покажаа Afterlight, EyeEm и Camera Zoom FX.Отприлика ова се апликациите кои и ние во нашата рубрика апликација на денот ги издвојувавме со нивните одлични функции и препорачуваме секој да ги испроба на неговиот таблет или смартфон.