Совет како да ја смените SMS апликацијата на Android

Објавено на 01.12.2014 во Туториали



Совет како да ја смените SMS апликацијата на Android

Google подолго време не ја надградуваше основната SMS апликација за Android која без оглед што беше функционална и едноставна за користење имаше прилично застарен дизајн и интерфејс. Тоа целосно се менува со новата апликација Messenger која беше промовирана заедно со Android 5.0 Lollipop и е одлична за испраќање на SMS пораки и допишување со контактите од вашата листа.
 
 
 
 
За наједноставно и најбрзо да ја промените основната SMS апликација притиснете го копчето setting при што ќе ви се појави опција за промена. Тука ќе ви излезат новите предлози и сите надворешни апликации со кои може да се испраќаат SMS пораки. 
 
 
Ние ја одбравме новата апликација Messenger преку која може директно да праќате слики направени специјално со камерата, како и да закачувате дополнителни фајлови. 
 
 
Бидејќи често праќаме SMS пораки препорачуваме иконата на Messenger или апликацијата која сте ја одбрале да ја поставите на почетниот панел во главното мени каде веднаш ќе ви биде на дофат во секое време.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ