Еве за кои Android игри не треба интернет

Објавено на 04.12.2014 во Туториали



Еве за кои Android игри не треба интернет

Во Google Play Store е воведен уште еден новитет кој ќе им помогне на корисниците при изборот на интересни игри, овој пат подредени во посебна категорија која ви кажува за кои наслови не е потреба интернет конекција за нивно играње.
 
 
Во No Wifi No Problem категоријата на игри може да пронајдете голем број на квалитетни наслови од сите популарни жанрови, а најмногу доминираат rpg игри, slasher игри, како и mmo игрици со помал капацитет, но привлечни за играње во multiplayer. 
 
Исто така може да најдете многу забавни игри за мобилен, како и сложувалки, авантури, спортски игри и тркачки симулации. Од нашиот преглед на игри забележивме дека речиси 90 проценти се бесплатни, а одредни популарни наслови се наплаќаат.