DARPA ќе создаде Iron Man оклоп за армијата на САД

Објавено на 05.12.2014 во Новости



DARPA ќе создаде Iron Man оклоп за армијата на САД

Агенција за напредни истражувања и одбранбени стратегии DARPA е на чекор од создавање на егзоскелет или популарно наречен Iron Man оклоп за армијата на САД која ќе им овозможи на војниците надчовечки способности, како на пример супер брзо движење, кревање на големи тежини, како и засилена заштита од екслозии и стрелби.
 
 
Овој проект се води под кодното име TALOS (Tactical Assault Light Operator Suit) и се уште се размислува дали да биде прифатен во конвенционалното војување бидејќи армијата на САД би станала уште толку доминантна на светската сцена, не дека нешто би ги спречило во неговата реализација.
 
 
Вториот проект кој е повеќе прифатлив за воените стратези е креирање на егзоскелет за грбот и зглобовите на војникот што ќе му овозможи носење на тешката опрема без да почуствува болки во телото и ќе спречи оштетување на мускулите и р`бетот.