Apple Maps со инфо за јавен превоз дури во 2015

Објавено на 08.12.2014 во Новости



Apple Maps со инфо за јавен превоз дури во 2015

Apple веќе двe години доцни зад своите конкуренти во понудата на Maps апликацијата која се уште не го добила потребните подобрувања, меѓу кои и информации за јавниот сообраќај. Овој новитет требаше да пристигне со iOs 8 но, ќе биде одложен дури за во 2015 година.
 
 
Apple конечно успеа да ја подобри технологијата за прибавување на информации за сообраќајот генерирани од самите корисници и други извори кои ќе ви помогнат да го испланирате патувањето. 
 
 
Новиот систем е наречен User Interface Tools for Commute Assistant и ќе биде применет во Apple Maps со надградбата на оперативниот систем iOs 9 бидејќи нема друг начин како да се испрати новата верзија до корисниците.