Пристигна неуништливиот Panasonic Toughpad FZ-E1 - Ги чекаме зомбите

Објавено на 09.12.2014 во Новости



Пристигна неуништливиот Panasonic Toughpad FZ-E1 - Ги чекаме зомбите

Panasonic FZ-E1 новиот супер издржлив смартфон го дочека стартот на влез на пазарот во Европа, откако кај фановите на цврсти телефони привлече големо внимание. Наскоро ќе биде пласиран и во САД, а во Европа може да се најде по цена од 1200 евра.
 
 
Panasonic FZ-E1 и идеален смартфон во случај на зомби апокалипса или друг вид на елементарна непогода со IP68 сертификат за спречување на штети од вода, прашина, песок, може да издржи пад од три метри, да се користи под вода на длабочина од 1.5 метри со посебни вградени физички копчиња, издржува на екстремни температури, удари, шокови и екранот работи и со ракавици.
 
 
Хардверот на Panasonic FZ-E1 исто така е солиден со четири-јадрен Snapdragon 801 процесор, 2 GB RAM, 32 GB вградена меморија со слот за microSD картичка, масивна батерија од 6200 mAh, 5 инчен HD дисплеј, 4G LTE конекција и 8 мегапикселна камера, додека пак за софтверот е искористена посебна верзија на Windows Embedded 8.