LG ќе се распише со G Pen Stylus

Објавено на 09.12.2014 во Новости



LG ќе се распише со G Pen Stylus

LG Mobile ја развива својата стратегија за 2015 година и најверојатно ќе се насочи кон креирање на функционално Stylus пенкало кое одлично ќе се вклопи во работата на смартфоните и фаблетите со дисплеи со големина од над 5 инчи.
 
 
Новото Stylus пенкало првично е наречено G Pen и многу потсетува на S Pen на Samsung кој го користи во серијата на фаблети и таблети Galaxy Note. Токму Stylus пенкалото ја прави оваа серија привлечна за купувачите со значителна додатна функционалност, па можеби LG проценил дека најдобро е да нападне во оваа категорија.
 
Автор: Aleksandar Stankov