Корисниците на Yahoo Mail загрозени од хакери

Објавено на 12.12.2014 во Новости



Корисниците на Yahoo Mail загрозени од хакери

Корисниците на популарниот Yahoo Mail во последно време станаа зачестена мета на хакери, односно на фишинг напади кои имаат за цел да ги украдат податоците од вашиот профил на тој начин што ќе ве измамат да се логирате на лажен веб сајт.
 
 
Досега се забележани два вида на прилично софистицирани напади кои се вршат со испраќање на порака која личи дека е од Yahoo и во неа се соопштува дека наскоро ќе се врши бришење на сите неактивни и сомнителни профили, па за да не бидете ставени на листата од вас се бара само повторно да се регистрирате. Штом го отворите линкот ќе бидете префрлени на лажниот сајт на Yahoo и тука никако не смеете да ја внесете вашата адреса и лозинка.
 
 
Вториот напад е сличен, но во пораката стои дека го искористиле целиот мемориски капацитет на Yahoo и ќе мораат да направат бесплатна надградба за да продолжат да го користитат Mail профилот. Доколку имате антивирусна програма со интернет заштита ваквите пренасочувања веднаш ќе бидат блокирани, но доколку немате не смеете никако да наседнете на овие трикови.