Candy Crush Saga ќе го зарази и Windows Phone
Објавено на 12.12.2014 во Новости
Една од најзаразните игри на сите времиња Candy Crush Saga по долго очекување конечно доби своја верзија за Windows Phone, па затоа корисниците на Nokia Lumia и останатите смартфони може да ги загреат прстите.
Главната цел на Candy Crush Saga е да ги сложите по боја различните предмети и да го исчистите екранот што е можно побрзо, но секое ниво е се потешко и потешко. Доколку сакате да се забавувате превземете ја бесплатно Candy Crush Saga од Windows Store за сите смартфони што работат на Windows Phone ситемот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.