iPhone 6 е најпопуларен смартфон на Google во 2014

Објавено на 17.12.2014 во Новости



iPhone 6 е најпопуларен смартфон на Google во 2014

Apple повторно успеа да го привлече вниманието на корисниците на глобално ниво со најновите модели на iPhone 6 кој е најпопуларен смартфон на интернет пребарувачот Google за 2014 година. Причината за екстремната популарност на iPhone 6 лежи во интересот што се создаде околу примената за прв пат на поголеми екрани од 4.7 и 5.5 инчи, како и новите функции овозможени од оперативниот систем iOs 8.
 
iPhone 6 со нов проблем - Apple во нов скандал
 
Зад iPhone 6 се најдоа конкурентите од Android со супер смартфоните Samsung Galaxy S5 и Nexus 6 на Google изработен од Motorola. Galaxy S5 во почетокот на годината беше прилично „баран“ смартфон бидејќи кружеа многу атрактивни шпекулации дека ќе има метално тело и Quad HD дисплеј, но тоа не се оствари по што следеше разочаруавање кое се рефлектираше и во продажбата.
 
 
Nexus 6 како и секогаш привлекува огромно внимание бидејќи во изминатите години Nexus моделите се продаваа по неверојатно ниски цени од само 350 долари, а секако тие се и првите уреди кои работат на најновата верзија на Android. Реакциите за Nexus 6 помалку спласнаа бидејќи нема да биде евтин како порано и ќе чини околу 600 долари, а има и прилично голем 6 инчен дисплеј кој не е атрактивен за сите корисници. 
 
 
На топ листата на најпребарувани технолошки производи единствено Xbox One се вмеша меѓу смартфоните, а голем интерес има и смарт часовникот Apple Watch.
Автор: Aleksandar Stankov