Huawei Honor 6 Plus - Најдобриот камера смартфон
Објавено на 17.12.2014 во Новости
Huawei го претстави долго очекуваниот камера смартфон Honor 6 Plus кој импресионира со две главни камери од 8 мегапиксели кои имаат фиксен и подвижен фокус, леќа со широчина од f/2.0 и f/2.4, како и рекордно голем сензор со големина на пиксел од 1.86 микрони.
Двете камери работат симултано и благодарение на image signal процесорот се прави една комбинирана слика која има врвен квалитет, фокусот е рекордно брз, а во ноќни услови се апсорбира многу поголемо количество на светлина. Huawei Honor 6 има и одлична 5 мегапикселна камера за селфи фотки и видео повици.
Huawei Honor 6 инаку е одличен смартфон и во останатите категории се истакнува со 5.5 инчен Full HD дисплеј, работи на најновиот осум-јадрен HiSilicon Kirin 925 процесор од 1.8 GHz, 3 GB RAM, 32 GB меморија плус слот за мемориска картичка, како и супер батерија со капацитет од 3600 mAh. Неговите димензии се сосема пристојни со 150.46 x 75.68 x 7.5mm, а цената барем во Кина е поставена на неверојатно ниско ниво од само 400 долари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.