Android 5.1 ќе ги реши проблемите на Lollipop

Објавено на 18.12.2014 во Новости



Android 5.1 ќе ги реши проблемите на Lollipop

Lollipop е досега најголемата визуелна и функционална надградба на Google која иако доби голем број на позитивни оценки има одредени недостатоци и пропусти кои ќе мора наскоро да се решат. Затоа Google ја подготвува новата 5.1 верзија која ќе се справи со сите проблеми и ќе им донесе на корисниците многу поквалитетен софтвер.
 
 
Се уште нема официјални најави на што ќе се однесува надградбата, но според досегашните критики може да претпоставиме дека ќе биде надминат проблемот со Silent режимот и целосното гасење на известувањата кое е непотребно и некорисно, потоа промени во Recent менито и трупањето на картички од сите отворени страници во Chrome и други елементи од менито.
 
 
Android 5.1 Lollipop исто така ќе се погрижи и за повеќе „бубачки“ во системот кои предизвикуваат неочекувано гасење на апликациите, подобра искористеност на RAM меморијата, подобар приказ на нотификациите и многу други додатоци.