Наследникот на Nokia Lumia 1320 ќе биде уште помоќен

Објавено на 21.12.2014 во Новости



Наследникот на Nokia Lumia 1320 ќе биде уште помоќен

Nokia имаше успешен обид да навлезе во категоријата на евтини фаблети со солидниот Nokia Lumia 1320 кој задоволи со сетапот на компоненти и цената од околу 350 евра, но сега се подготвува многу помоќен фаблет кој ќе ги надмине сите очекувања.
 
 
Станува збор за Lumia 1330 кој сега ќе биде под капата на Microsoft и ќе има 5.7 инчен дисплеј со HD резолуција од 720 x 1280 пиксели, ќе работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор, 2 GB RAM, 32 GB меморија, 14 мегапикселна главна PureView камера и 5 мегапикселна селфи камера.
 
 
Ова се прилично солидни спецификации за фаблет од средната класа, па доколку Lumia 1330 успее да ја задржи цената од околу 300 евра може да се надева на поголем успех. Промоцијата на Lumia 1330 најверојатно ќе се случи во март на MWC 2015 во Барселона.
 




Прочитајте повеќе: