LG G2 многу наскоро добива Android 5.0 Lollipop

Објавено на 23.12.2014 во Новости



LG G2 многу наскоро добива Android 5.0 Lollipop

LG Mobile прави големи напори за навреме да ја достави најновата верзија на Android 5.0 Lollipop која веќе се реализира кај премиум моделите од 2014 година, но тоа не значи дека заборавиле на ланскиот премиум модел LG G2 кој се уште важи за еден од поквалитетните смартфони.
 
 
На интернет е споделена прва слика која покажува дека LG G2 работи на најновата верзија на Android 5.0.1 Lollipop и станува збор за тест софтвер кој е пуштен во Јужна Кореја. 
 
 
Тоа остава простор да се надеваме дека пред почетокот на празниците корисниците на LG G2 ширум светот исто така ќе ја добијат посакуваната надградба која одлично е вклопена во Optimus интерфејсот.




Прочитајте повеќе: