Автомобилот на Google нема волан и педали

Објавено на 24.12.2014 во Новости



Автомобилот на Google нема волан и педали

Google е подготвен да го тестира смарт автомобилот во отворен сообраќај кој самиот се управува и возачот воопшто нема потреба од волан и педали. Идејата на Google е навистина футуристичка и од развојниот тим се надеваат дека во наредните пет до десет години нивните автомобили самостојно ќе возат на улиците и автопатите.
 
 
Првичните прототипи на Goole Car имаа голем број на вградени сензори, камери и менахизми кои го регистрираа движењето но, и околината, густината на сообраќајот и останатите возила, за подобра координација на возачот кој добива навремени сигнали, како и автономно носење на одлуки на автомобилот. 
 
 
Сега се оди чекор напред бидејќи возачот нема потреба од речиси никаков ангажман додека е во возилото на Google, но ќе има систем за контрола во случај на итност, односно доколку автоматскиот систем откаже. Google пренесе дека нема намера самостојно да го произведува автомобилот кога ќе биде подготвен за пазарот и најверојатно ќе ја лиценцира технологијата за автоиндустријата.