Само со Roamer МК - Најевтиниот роаминг во странство

Објавено на 25.12.2014 во Новости



Само со Roamer МК - Најевтиниот роаминг во странство

Многу наши читатели често се наоѓаат надвор од границите на Република Македонија и секојдневно се среќаваат со високите роаминг цени.Дури и за еден повик или за само неколку МБ интернет, корисниците на обичниот роаминг плаќаат доста високи сметки.Решение за високите сметки е користењето на локален број во земјата во која што се наоѓате, но при тоа вие го губите вашиот стандарден македонски број и не можете да примате повици на него. Тоа и не е баш ефтино решение за вашите блиски бидејќи тие ќе повикуваат кон странски број.

Како едно од многуте алтернативни решенија се добро познатите апликации Viber или Skype, но дојдовните повици кон вашиот македонски број нема да работат, а постои и доста голема веројатност да имате проблем со интернет конекцијата и вие нема да можете да се поврзете со никого.

Тогаш што е решението против високите сметки? Ние го имаме решението за вас, апликацијата Roamer МК достапна за Android и iOS.

Проектот Roamer е основан во 2013 година во татковината на Skype и во моментов станува се популарен во целиот свет.  Секојдневно Roamer има неколку илјади симнувања. Кон крајот на минатата есен, Roamer го отвори своето претставништво и во Македонија. Апликацијата целосно е преведена на македонски јазик, а во Македонија се наоѓа и сервисната опрема, неопходна за целосно беспрекорно функционирање на апликацијата.

Симнување и првите чекори со апликацијата

Што ви е потребно за приклучување кон Roamer? Македонска сим картичка, сим картичка од земјата каде што планирате да патувате и се разбира, смартфон. Апликацијата е бесплатна и достапна е во онлај продавниците за Android и iOS.

После инсталирањето на апликацијата, се вклучуваат подесувањата, односно потребно ќе биде да ја потврдите македонската сим картичка, а пред заминувањето во странство, ќе биде потребно да го паркирате македонскиот број т.е. да го вклучите пренасочувањето на повици. Тоа можете да го направите со притискање на само едно копче.

Кога ќе пристигнете на вашата дестинација, потребно е да ставите локална сим картичка во вашиот телефон и да ја потврдите и нејзе. Сега веќе можете да ги примате сите повици од вашиот македонски број со вашата локална сим картичка по супер ниски цени. Интернет не ви е потребен, Roamer ќе работи и преку обичната мобилна мрежа.  А доколку се поврзете со Wi-Fi или 3G во вашиот хотел или во некој кафич каде ќе седнете да го испиете вашето кафе, вашите дојдовни повици ќе бидат бесплатни за вас.Вие ќе плаќате за вашите дојдовни повици само тогаш кога нема да бидете приклучени на интернет.

Појдовните повици преку Roamer, исто така ќе бидат по супер ниски цени. Да речеме дека се наоѓате во Бугарија и сместени сте во хотел каде што има интернет конекција. Тоа значи само едно, вие ќе можете слободно да разговарате со вашите роднини и пријатели, а при тоа да не платите ниту денар, кога тие ви ѕвонат на вашиот македонски број. Тие воопшто нема ни да забележат дека вие се наоѓате надвор од границите на вашата земја. За нив, повикот ќе биде тарифициран како обичен повик во Македонија. 

Кога ќе се вратите дома,  се што треба да направите е да го исклучите пренасочувањето на повици и сите ваши повици повторно ќе ги добивате на вашата основна сим картичка.

Во апликацијата вие ќе можете да ги видете цените за секој повик, а подесувањето е доста едноставно и придружено со совети, се што треба да направите е да одберете македонски јазик од списокот со јазици.

Целиот свет во џеб за само 6 денари

Roamer е присутен во 217 земји на земјината топка. Помеѓу нив се и популарните дестинации на македонците Грција, Бугарија, Австрија, Швајцарија, Хрватска, Италија, САД, Австралија. Апликацијата работи дури и во Хондурас и Зимбабве.

Вие можете да го надополните вашиот кредит во самата апликација со помош на банкарска картичка или да купите е-ваучер кај еден од партнерите на Roamer во Македонија. За читателите на Телефони.мк ние подготвивме специјален подарок, но за него повеќе ќе дознаете на крајот од статијата.

По раскажувањата од туристите кои веќе ги користеле услугите на Roamer, тие успеале да заштедат речиси 99 од вредноста на роаминг цените.

И тоа не е се

Доколку вие сте во Македонија, вие ќе можете да продолжите да штедите. Roamer ви овозможува да ѕвоните најевтино по цел свет и со најниски цени. За повикување користете интернерт и една минута разговор ќе ви биде многу евтина. При тоа, на тие на кои им ѕвоните, на пример во Австралија, ќе го гледаат вашиот македонски број и ќе знаат кој им ѕвони. Тоа е доста важно.

Подарок од телефони.мк

На сите посетители на нашиот сајт, заедно со компанијата Roamer, им подаруваме промотивен код во вредност од 2 евра. Ваше е да ја симнете апликацијата Roamer и во делот Надополни кредит да го внесете промотивниот код TELEFONI.MK. На вашиот кредит ќе бидат додадени 2 евра, а тоа е околу час и половина разговор со Грција.

Во Roamer постои и друга опција, покани ги пријателите. За тоа потребно е да го споделите линкот од апликацијата. За секој нов корисник, кој дошол благодарение на вашата покана и го надополнил својот кредит, вие ќе добиете дополнителен гратис кредит на вашата сметка. Се се врши автоматски.

Со Roamer, ѕвонењето во странство повеќе не е раскош. Најважно е да знаете како да штедите ѕвонејќи.

Автор: Aleksandar Stankov