Како беше текстот - Да не се буните Google ќе ве потсети

Објавено на 26.12.2014 во Новости



Како беше текстот - Да не се буните Google ќе ве потсети

Google воведе нов додаток во интернет прелистувачот каде само со внесување на името на песната и зборот „lyrics“ веднаш ќе ви се прикаже текстот. 
 
Резултатите единствено ќе бидат проблематични доколку повеќе изведувачи изведуваат песна со исто име, па добро е да прецизирате за која точно песна сакате да ги дознаете стиховите. 
 
 
Приказот на стиховите од песната веднаш се прикажуваат во т.н паметна лента без потреба да отворате други линкови од веб страни. Веќе има критики дека Google им го зема лебот на специјализираните страни за текстови, а како надополнување ви дава линк до Play Music од каде може директно да ја купите песната.