Ким Дотком ги спаси гејмерите на Божиќ

Објавено на 27.12.2014 во Новости



Ким Дотком ги спаси гејмерите на Божиќ

Прославениот хакер и пират Ким Дотком е најзаслужен за прекин на хакерскиот напад врз мрежите на Xbox и PlayStation кои започнаа на 24 декември, баш на Божиќ кога голем дел од гејмерите го користеа слободниот ден. За нападот се одговорни хакерите од групата Lizard Squad кои повторно ја рушеа мрежат на Xbox и PlayStation.
 
 
Целта на Lizard Squad беше да ја истакне слабата безбедност на мрежата на Sony и Microsoft, а не да им се наштетите на гејмерите. Сепак, за да прекинат со нападот бараат 10 илјади споделби на Twitter, при што настапи Ким Дотком со понуда за мир.
 
 
Тој им вети на хакерите дека ќе им додели бесплатно неограниечно челнство на неговиот сервис MegaUpload доколку го прекинат нападот. Хакерите ја прифатија понудата на Ким Дотком и ветија дека ќе ги остават гејмерите на раат, барем во наредниот период.