Nokia ја заврши Windows авантурата со Lumia 638

Објавено на 28.12.2014 во Новости



Nokia ја заврши Windows авантурата со Lumia 638

Авантурата на Nokia со платформата на Windows Phone конечно заврши овој месец и со тоа се прекинуваат oбврските кон Microsoft за нови смартфони кој отсега го превзема раководството на мобилниот сектор и ќе изврши ребрендирање и воведување на нов концепт. За носталгичарите доаѓа последниот „Финец“ Nokia Lumia 638 кој е надополнување на понудата во средната класа со достапна цена од околу 250 евра.
 
 
Nokia Lumia 638 располага со 4.5 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 480 x 854 пиксели и густина на сликата од 218 ppi, потоа работи со четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 400 процесор со 1.2 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија која може да се надополни преку microSD картичка до 128 GB и батерија од 1830 mAh. 
 
 
Главните атрибути на Nokia Lumia 638 се 4G LTE конекцијата за брз интернет и пренос на податоци, потоа повеќе софтверски додатоци како OneDrive за складирање на фајлови до 15 GB бесплатен простор, а на располагање ви се и Nokia HERE Maps, Microsoft Office пакетот на апликации за обработка на документи и можноста за безжично полнење.