Limefuel е екстра преносен полнач со дури 20.000 mAh

Објавено на 29.12.2014 во Новости



Limefuel е екстра преносен полнач со дури 20.000 mAh

Limefuel Lite LP200X е вистински бисер меѓу преносните полначи за смарт уреди кој има фантастичен капацитет од дури 20.000 mAh, а може истовремено да полни два телефони или таблети.
 
 
Капацитетот на Limefuel ќе ви овозможи да ја наполните батеријата на вашиот смартфон или таблет најмалку пет пати, а има одличен пренос на енергија со 5V/1A, дигитален дисплеј за приказ на статусот на полначот, како и батериска лампа која е мал бонус. 
 
 
Limefuel Lite LP200X може да се поврзе со било кој iOS или Android смартфон и таблет, како и било кој електронски уред кој се поврзува преку Micro USB кабел за полнење. Limefuel Lite LP200X е прилично компактен и може да го носите секаде со вас, а најдобро од се е што цената на Amazon изнесува само 85 долари со бесплатна достава.