Со telefoni.mk и Roamer MK до најевтин роаминг во странство

Објавено на 29.12.2014 во Новости



Со telefoni.mk и Roamer MK до најевтин роаминг во странство

Првиот снег ни ја разбуди желбата за мал зимски одмор и по можност патување во странство до некои од популарните зимски и скијачки центри. Затоа telefoni.mk на своите читатели им подарува кредит кој може да го искористат за најевтиниот роаминг во странство преку апликацијата Romer mk.
 
 
telefoni.mk во соработка со Romer mk на сите посетители им дава можност преку внесување на кодот TELEFONI.MK да добијат ваучер од 2 евра кои може да ги искористат за разговори со многу бесплатни минути во зависност од дестинацијата и тарифата. Romer е најбрзорастечка VoIP платформа и сега конечно е достапна и на македонскиот пазар со апликација за смартфон на македонски јазик. 
 
Само со Roamer МК - Најевтиниот роаминг во странство
 
За користење на Roamer потребна ви е Македонска SIM картичка, SIM картичка од земјата каде што планирате да патувате. Апликацијата е бесплатна и достапна е за превземање од електронските продавници за Android и iOS. Најпрво треба да ја регистирате македонската SIM картичка и да ја „паркирате“ пред да одите на патување, а откако ќе пристигнете во странство ја регистрирате и локалната SIM картичка по што ќе може да воспоставувате телефонски повици од Македонија. 
 
 
За апликацијата не е потребен интернет, туку се користи локалната мобилна мрежа, но доколку успеете да најдете Wi-Fi конекција тогаш повиците ќе ви бидат бесплатни. Втората предност со Roamer е што додека сте поврзани на интернет дојдовните повици за вас се бесплатни, а за тие што ве повикуваат се наплатува идентично како и во тарифите во Македонија, така што тие нема ни да забележат дека престојувате во странство. Кога ќе се вратите дома, се што треба да направите е да го исклучите пренасочувањето на повици и сите ваши повици повторно ќе ги добивате на вашата основна SIM картичка. 
 
 
Во апликацијата може да ги видите цените за секој повик, а подесувањето е доста едноставно и придружено со совети, па се што треба да направите е да одберете македонски јазик. Roamer е присутен во 217 земји, а меѓу нив се и популарните дестинации на македонците Грција, Бугарија, Австрија, Швајцарија, Хрватска, Италија, САД, Австралија. 
 
 
Кредитот може да го наполните во самата апликација со помош на банкарска картичка или да купите е-ваучер кај еден од партнерите на Roamer во Македонија. Во Roamer постои и опција покани ги пријателите со сподување на линкот од апликацијата и за секој нов корисник, кој дошол благодарение на вашата покана и го надополнил својот кредит, вие ќе добиете дополнителен гратис кредит на вашата сметка.