Голема грешка откриена во Android 5.0.1 Lollipop

Објавено на 31.12.2014 во Новости



Голема грешка откриена во Android 5.0.1 Lollipop

Корисниците на уредите кои работат на Android 5.0.1 Lollipop, меѓу кои и Nexus 4, Nexus 5 и Nexus 7 се жалат на огромна грешка во системот која премногу ја „јаде“ RAM меморијата и наместо 500 MB одзема дури 1.2 GB што ја попречува целата работа на смартфонот и таблетот при мултитаскинг.
 
 
Поради тоа различни апликации се блокираат и треба повторно да ги отварате, а одвреме навреме се кочи и почетното мени. Проблемот кај Android 5.0.1 Lollipop е лоциран но, не може да биде решен се до наредната надградба на системот. 
 
 
Таблетот Nexus 7 веќе е предвиден за надградба со посебната верзија Android 5.0.2 Lollipop, што значи смартфоните ќе треба да почекаат за наредната Android 5.0.3 Lollipop која ќе може да се реализира во текот на јануари.
 
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: