Ало полиција - Не ми работи PlayStation мрежата

Објавено на 31.12.2014 во Новости



Ало полиција - Не ми работи PlayStation мрежата

Тинејџер од Палм Бич, Калифорнија толку бил нестрплив за играње на онлајн игри на PlayStation мрежата што се јавил на бројот за итни случаи 911 и барал информации кога ќе може повторно да игра.
 
 
Од полициската станица, или поточно кажано во овој случај канцеларијата на Шерифот, му одговориле дека немаат информации поврзани со хакерите кои ја срушија мрежата на PlayStation и дека ова не е итен случај, па дури му дале предлог да излезе малку надвор или пак да прочита книга.
 
 
Нема потреба дополнително да ја иронизираме целата ситуација, бидејќи овој „итен“ повик говори доволно, туку само ќе им порачаме на сите гејмери, тинејџери и млади луѓе да го искористат зимскиот распуст и да уживаат во прослава на празниците со најблиските и пријателите, наместо да трошат голем дел од слободното време на видео игри.