Совет како да го подобрите Touch ID скенерот на iPhone

Објавено на 02.01.2015 во Туториали



Совет како да го подобрите Touch ID скенерот на iPhone

Touch ID скенерот за отпечатоци од прсти на iPhone 5s и iPhone 6 моделите не секогаш ги дава посакуваните резултати и не го отклучува смартфонот од прва. За да ја подобрите работата на Touch ID скенерот треба да примените еден едноставен совет за подобра регистрација на вашиот отпечаток.
 
 
Во менито Touch ID & Passcode кога ќе го внесувате вашиот отпечаток се што треба да направите е повеќе скенирања на вашиот прст по што скенерот Touch ID ќе добие повеќе информации и при следните отклучувања многу побрзо ќе го отклучи смартфонот од прва.