Официјално најавен Xiaomi Redmi 2 - Супер евтина понуда

Објавено на 04.01.2015 во Новости



Официјално најавен Xiaomi Redmi 2 - Супер евтина понуда

Xiaomi го откри најновиот смартфон Xiaomi Redmi 2 кој претставува освежување на евтината понуда за корисниците со неколку новитети во однос на претходниот модел, но со истата ниска цена од само 110 долари.
 
 
Xiaomi Redmi 2 нуди 4.7 инчен 720p HD дисплеј, нов четири-јадрен Snapdragon 410 процесор компатибилен со 64 битни апликации, Adreno 306 графичка, 1 GB RAM, 8 GB меморија, мемориска картичка со капацитет до 64 GB, 8 мегапикселна главна и 2 мегапикселна предна камера, како и батерија со капацитет од 2200 mAh.
 
 
Еден од новитетите на Xiaomi Redmi 2 е понудата на 4G LTE конекција која достигнува интернет брзина до 150 mbps, а подржува две SIM картички. Софтверскиот пакет е составен од системот Android 4.4.4 KitKat и интерфејсот MiUI 6.0.
 
 
Xiaomi кој важеше за најевтиниот бренд во оваа класа сега доби цврста конкуренција од Meizu, Huawei и ZTE кои исто така за цена од 100 долари нудат квалитетни смартфони со модерни компоненти.