Samsung по грешка го откри Galaxy S6

Објавено на 04.01.2015 во Новости



Samsung по грешка го откри Galaxy S6

Samsung Mobile се уште не открил никакви информации за изгледот на новиот премиум модел Galaxy S6, освен мали наговестувања дека ќе има нов дизајн со метални елементи, но најновото видео за функциите на KNOX апликацијата прикажуваат досега непознат Galaxy смартфон.
 
 
Во видео презентацијата за KNOX се користи смартфон кој наликува Galaxy S6 бидејќи има мала рамка околу екранот, а рабовите се остро заоблени со што се добива дијамантски изглед и овие детали се поклопуваат со досегашните протечени информации. 
 
 
Galaxy S6 се уште се држи во тајност но, се претпоставува дека ќе има Quad HD дисплеј, осум-јадрен Snapdragon 810 процесор, 3 GB RAM, 20 мегапикселна камера и секако нов дизајн. Промоцијата на Galaxy S6 ја очекуваме во наредните два месеци иако постои можност нови информации да бидат откриени на саемот CES наредната недела.