Со ASAP за 15 минути ќе го наполните вашиот iPhone

Објавено на 06.01.2015 во Новости



Со ASAP за 15 минути ќе го наполните вашиот iPhone

На големата сцена на саемот CES ретко вниманието го освојуваат помалите и непознати брендови, но тоа му успеа на ibattz кој го претстави ASAP преносниот полнач за iPhone кој е фантастичен бидејќи го полни целосниот капацитет на батеријата на смартфонот за само 15 минути.
 
 
Најновиот модел на iPhone 6 иако има мала батерија со капацитет од околу 1850 mAh му требаат околу три часа за целосно полнење, па затоа иновацијата на ibattz е одлична. ASAP полначот има волтажа од 2 ампери и е сосема безбеден за користење.
 
 
ASAP Charger има два модели со капацитет од 5600 и 11.200 mAh што е доволно за повеќекратно полнење на батеријата на iPhone 6. Цената и начинот на продажба ќе бидат откриени во наредниот период.