Lenovo YOGA Tablet 2 AnyPen е магичен таблет

Објавено на 07.01.2015 во Новости



Lenovo YOGA Tablet 2 AnyPen е магичен таблет

Lenovo YOGA се карактеризира со флексибилниот дизајн со вграден потпирач при што може да го поставите во различна положба, а сега со новиот модел добива уште една уникатна карактеристика. Lenovo YOGA Tablet 2 AnyPen има супер осетлив екран на допир и било кој предмет може да го користите како функционално пенкало, па дури и виљушка.
 
 
Lenovo YOGA Tablet 2 AnyPen е 8 инчен таблет со HD резолуција од 1080 х 1920 пиксели, работи на 64-bit Intel Atom процесор со четири-јадра, 2 GB RAM, 32GB меморија, Dolby Audio и Wolfson засилувач на звук, 8 мегапикселна камера на задната страна, 1.6 мегапикселна предна камера, како и батерија со капацитет од солидни 6400mAh.
 
 
AnyPen таблетот го користи Windows 8.1 оперативниот систем, а од наредниот месец ќе се продава по многу прифатлива цена од само 299 долари.