Saygus V2 е првиот смартфон со 320 GB мемориски капацитет

Објавено на 08.01.2015 во Новости



Saygus V2 е првиот смартфон со 320 GB мемориски капацитет

Saygus V2 е првиот смартфон со мемориски капацитет од 320 GB. Saygus V2 има основна меморија од 64 GB, а има можност за надополнување со две microSD мемориски картички од по 128 GB што ќе биде и повеќе од доволно за складирање на сите мултимедијални содржини, фајлови и документи.
 
 
Saygus V2 привлекува и со одличниот 5 инчен Full HD дисплеј, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 801 процесор од 2.5 GHz, 3 GB RAM, 21 мегапикселна главна камера, 13 мегапикселна камера за селфи фотки и видео повици, скенер за отпечатоци, батерија со капацитет од 3100 mAh и безжично полнење.
 
 
За оперативниот систем е искористена верзијата на Android 4.4 KitKat, а куќиштето е квалитетно и изработена од цврсти материјали. Saygus се уште ја нема одредено цената, а повеќе детали ќе бидат познати наскоро кога ќе се открие планот за продажба, но ветуваат дека V2 ќе чини барем 100 поевтино од слични конкуренти.